• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Во периодот на празници мора да има повеќе за сите

Тренчевска: Во периодот на празници мора да има повеќе за сите

Скопје, 20 декември 2023

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во посета на Крива Паланка и Куманово доделуваше пакети прехранбени продукти и пакетчиња за деца во рамки на активностите кои Министерството за труд и социјална политика ги спроведува за време на последните две седмици пред новата година.

Во Крива Паланка министерката Тренчевска на почетокот од денот се сретна со деца од подрачните основни училишта од руралните средини и додели нас 120 пакетчиња заедно со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Тренчевска во рамки на посетата во Крива Паланка додели и пакети со храна на повеќе од 10 семејства од социјално ранливи категории на граѓани. 

Министерката со активности продолжи и во Куманово каде исто така додели пакети со храна на социјално ранливи категории на семејства.

Tренчевска за време на посетите информираше и за финансиската помош која ја доделува Владата на Република Северна Македонија, особено министерката поттикнуваше за користење за мерките наменети за средношколците и учениците во основно училиште. Таа ги поттикна  семејствата приматели на Гарантирана минимална помош да се пријават за користење на мерките истакнувајќи дека истите се креирани за да се олесни животот на граѓаните.

Целта на активностите под името „Среќата се споделува“ е да се негува култура на споделување точно во времето пред новогодишните и Божиќните празници.

Споделувањето на пакети со храна и новогодишни пакетчиња за деца е поддржано од Фондација „ЗАЕВ“ и Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.

 

Министерство за труд и социјална политика

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан