• четврток, 26 декември 2024

Тренчевска: Веб страницата „Родот и медиумите“ ќе биде алатка, што треба да придонесе кон победа на многу битки во борбата против родово базираното насилство

Тренчевска: Веб страницата „Родот и медиумите“ ќе биде алатка,  што треба да придонесе кон победа на многу битки во борбата против родово базираното насилство

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА)  - „Родот и медиумите“ е насловена новата веб-страница што беше денеска промовирана во Скопје. Таа, како што истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ќе биде алатката што треба да придонесе кон победа на многу битки во борбата против родово базираното насилство.

- Како Министерство за труд и социјална политика, посветено работиме на развивање и подобрување на националните политики за превенција и заштита на жртвите на родово базирано насилство, рече министерката.

Таа нагласи дека целта е превенција и ефективна заштита на жртвите од каков било облик на родово базирано насилство, со почитување на основните човекови слободи и права.

Страницата се администрира од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски, посочи дека целта на веб-страницата е да биде ресурсен центар за медиумите, место каде што можат да најдат ресурси, информации, линкови за различни аспекти на родовите прашања, вклучувајќи го и родово заснованото насилство, но и место на кое граѓаните можат да најдат корисни линкови и информации, вклучувајќи ги и институциите и организациите од кои можат да побараат помош во случај да се подложени на родово засновано насилство.

- Посебно изразувам благодарност до Министерството за труд и социјална политика, оттаму дадоа свои мислења и предлози за структурата на ресурси што треба на едно место да се направат достапни за јавноста, како и на граѓанските организации, чиј фокус се родовите прашања, нагласи директорот.

Веб-страницата е достапна на македонски, албански и на англиски јазик. Приспособена е за лица со целосно или делумно оштетување на видот. бд/нд/

Остани поврзан