• недела, 24 ноември 2024

Тренчевска-Тодоровска: Соработка за подобрување на законите и заштитата на жените жртви на семејно насилство

Тренчевска-Тодоровска:  Соработка за подобрување на законите и заштитата на жените жртви на семејно насилство
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска одржа средба со претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска. - Националниот совет е наш долгогодишен партнер во подготовка на сите политики, закони и стратешки документи, како и наши партнери во спроведувањето на услугите кон жените жртви на насилство. Денешната посета ќе ја искористиме да разговараме за сите оние прашања и активности што ќе ги преземеме заедно во наредниот период, со цел подобра имплементација на законската регулатива и стратешките документи и подобра заштита на жените жртви на семејно насилство, изјави Тренчевска. Информираше дека во државата е оценската мисија на експертското тело Гревио, формирано согласно Истанбулската конвенција и една недела ќе разговараат со институциите, граѓанските организации. Во наредниот период ги очекуваат нивните препораки за тоа што е добро направено, а што треба во идниот период да се направи. Претседателката на Националниот Совет, Тодоровска истакна дека впреку СОС линијата 141 700 - единствена во државата и бесплатна за сите оператори може да се добијат совети како да се излезе од животот со насилство, каде и што треба да се превенира. - Секој кој трпи насилство или е сведок на насилство да пријави, а сите закони, правилници, стратегии што ги донесува МТСП со сите владини и невладини сервиси се за жртвите на насилство и се донесуваат со цел да излезат од таа состојба, порача Тодоровска. ки/лв/  

Остани поврзан