• вторник, 17 декември 2024

Тренерот на Барселона, Сорг: Многу е тешко да се разбере овој пораз од Леганес

Тренерот на Барселона, Сорг: Многу е тешко да се разбере овој пораз од Леганес

Барселона, 16 декември 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Маркус Сорг го коментираше поразот од Леганес во натпреварот од 17. коло на шпанското првенство.

Каталонците синоќа загубија на свој терен со 1:0, на клупата беше Сорг кој го менуваше Ханси Флик кој издржува казна од два натпревара.

- Тоа не беше нашиот најдобар натпревар. Првиот проблем беше недоволната концентрација во првите минути. Многу е тешко да се разбере овој пораз. Примивме рано гол. Имавме 20 шанси, но не постигнавме гол. Треба да извлечеме поука. Барселона во последните неколку дена одигра многу тешки натпревари, тимот не е навикнат на вакво темпо, изјави Сорг за „Marca“.

Барселона го претрпе третиот пораз во последните шест натпревари во Ла Лига и е на првото место во поредокот со 38 бодови. Истиот број го има и Атлетико, кој има натпревар помалку. Леганес е на 15. место со 18 бодови.

Во следното коло Барселона ќе игра против второпласираниот Атлетико Мадрид. Натпреварот ќе се одигра на „Камп Ноу“ на 21 декември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан