• среда, 25 декември 2024

Тренерка го спаси животот на својата пливачка на СП во Будимпешта

Тренерка го спаси животот на својата пливачка на СП во Будимпешта
Будимпешта, 23 јуни 2022 (МИА) – Американската натпреварувачка во синхронизирано пливање Анита Алварез колабираше за време на нејзиниот настап на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија. Немилиот настан се случи во текот на вчерашниот натпреварувачки ден за време на финалето на слободната програма на солистите. Животот на 25-годишната Американка на која и се слоши и почна да се дави, го спаси нејзината тренерка од репрезентацијата Андреа Фуентес. Откако Алварез паднала во бессознание и почнала да пропаѓа на дното од базенот, фуентес  скокна во базенот и ја извлече на површина каде доби прва помош. Подоцна, Алварез била пренесена во медицинскиот центар, каде било констатирано дека нејзината состојба е во ред. Алварез планира утре (24 јуни) да се натпреварува во екипни натпревари. зс/

Остани поврзан