• недела, 24 ноември 2024

Тренд: ГЕРБ со поддршка од 23,8 отсто од гласачите, а БСП 23,4 отсто

Тренд: ГЕРБ со поддршка од 23,8 отсто од гласачите, а БСП 23,4 отсто
Софија, 10 септември 2020 (МИА) - Доколку денеска се одржат избори во Бугарија, пет партии ќе влезат во идниот парламент, а ГЕРБ ќе има поддршка од 23,8 отсто од гласачите, додека БСП 23,4 отсто, покажуваат резултатите од последната анкет на „Тренд“. Анкетата во септември не покажа сериозна динамика во изборните ставови меѓу гласачите во споредба со анкетата во август. Поддршката за протестите исто така останува непроменета (62 отсто ги поддржуваат, а 30 отсто не ги поддржуваат), како и скептицизмот дека тие ќе доведат до оставка - 42 отсто сметаат дека протестите нема да доведат до оставка на владата, а една третина смета дека тоа ќе доведе. Според анкетата, ГЕРБ ќе добие23,8 отсто од гласовите, БСП - 23,4 отсто и мало зголемување на „Има таков народ“- 15,9 отсто. ДПС е со 10,4 проценти и „Демократска Бугарија“ со 9,9 проценти. До денеска, пет партии се сигурни учесници во следниот парламент. Податоците покажуваат дека голем дел од бугарските граѓани не се запознати со темата за нов устав. На прашањето дали треба да се донесе нов устав на Бугарија, повеќе од една третина одговориле со „Не знам / не можам да проценам“, 29 проценти се на мислење дека има потреба од нов устав, а 37 проценти дека нема потреба. Според анкетата, најголема поддршка (83 отсто) е дадена за намалување на бројот на пратеници од 240 на 120.

Податоците се од национално репрезентативно истражување на истражувачкиот центар „Тренд“ нарачано од „24 часа“ во периодот од 29 август до 5 септември, во кое 1.008 возрасни Бугари биле анкетирани со методот „лице в лице“. паг/

Остани поврзан