• недела, 01 септември 2024

Треил трка за вино и љубов в сабота во Неготино 

Треил трка за вино и љубов в сабота во Неготино 
Неготино, 16 февруари 2023 (МИА) - Треил трка за вино и љубов ќе се реализира оваа сабота во Неготино, информираше денеска Методи Митрев, портпарол во неготинската локална самоуправа. 
 
- Настанот е во организација на општината Неготино, во соработка со Деконус ДООЕЛ Скопје и планинарскиот клуб „Фри хајкерс“. Стартот и финишот на трката се пред планинарскиот дом „ Дедо Ило Јанчев“. Инспирација од која произлезе одржувањето на оваа трка е празникот ,,Свети Трифун", што се смета за заштитник на лозарите и винарите, а крајна цел е промоција на винскиот крај на Горни Дисан и неготинската општина, па токму затоа мотото на настанот е дека натпреварувањето е составен дел, но предност има забавата на сите учесници, нагласи Митрев. 
 
Тој додаде дека треил трката е замислена да биде забава, другарување и натпреварување, да  се излезе од рамките на класичните трки, со цел да се ужива во природата. Натпреварот ќе заврши со доделување на награди за најуспешните учесници во повеќе категории. свд/дма/

Остани поврзан