• четврток, 26 декември 2024

Трговците од ГТЦ „Глобал“ во Струмица бараат нови економски мерки за моловите

Трговците од ГТЦ „Глобал“ во Струмица бараат нови економски мерки за моловите
Струмица, 9 април 2020 (МИА) - Неформалното Здружение на трговци од Струмица „Фер есап“ бара од Владата итно да излезе со нов сет на економски мерки со кои ќе се опфатат како посебна и најзагрозена група трговци од трговските центри, кои од 14 минатиот месец се затворени. -Итно бараме да се исплатат минимални бруто плати на сите вработени вклучително и управителите, од 15 март па се до кога е важечка одлуката за затварање на моловите, односно додека не се повлече оваа мерка. Покрај тоа, бараме да се доделат според големината на секој трговец неповратни средства грантови со кои ќе може да се санираат веќе направените штети, стои во јавното обраќање на трговците. Во барањата додаваат новите мерки да не се условени со условите од досегашните мерки кои ниеден трговец не можел да ги исполнел. Освен тоа, од надлежните бараат и укинување на исплатата на „К-15“ за оваа година, како и прогласување на статус на виша сила за оваа посебна и најзагрозена група трговци од трговските центри со што овие правни субјекти ќе можаат согласно Законот за облигациони односи правилно да ги регулираат своите обврски. На крајот од барањата е наведено поради статус на виша сила со указ да им наложите на банките, наемодавачите и други дека за оваа посебна и најзагрозена група трговците од трговските центри за периодот до кога трае мерката забрана за работа обврските да се се изгаснат.рт/бт/

Остани поврзан