• среда, 25 декември 2024

Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар

Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар

Варшава, 12 мај 2024 (МИА) - Пожар избувна утрово во голем трговски центар со 1.400 продавници во Варшава.

Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 80 отсто од зградата е зафатена во пламен.

Црн чад може да се види во околината на снимката што ја емитува приватната телевизија Те Фау Ен 24.

Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на полскиот главен град да останат во затворени простории со затворени прозорци.

Портпаролот на полицијата за полските медиуми изјави дека нема извештаи за повредени.

Трговските центри и големите продавници обично се затворени во недела поради забраната што ја воведе претходната влада. 

Овие продажни места смеат да се отвораат само неколку недели годишно за да можат луѓето да купуваат за Божиќ, Велигден и други празници. мс/

Остани поврзан