• петок, 27 декември 2024

Трајна мозаична инсталација од рециклиран шут поставена во паркот во Виница

Трајна мозаична инсталација од рециклиран шут поставена во паркот во Виница
Виница, 1 јуни 2021 (МИА) – Во Градскиот парк во Виница денеска се одржа свеченост на која беше претставена завршната фаза од проектот „Мозаик инсталација - како културна традиција и современо живеење”, што беше финансиран од амбасадата на Швајцарија, преку здружението „Добредојде - Macedonia wеlcome centre“. Уметниците Александра Димитрова и Марија Мицова Гацова од Кочани, во соработка со ученици од средното и основните училишта во Виница ја реализираа изработката на целата инсталација на траен мозаик на локацијата на поранешниот „Жена парк“. На свеченоста, на која присуствуваа швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада и градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, беше нагласено дека мозаикот е изработен од стари и искористени плочки, односно уметничкото дело е создадени од рециклиран шут. -Со овој проект се поттикнува зелената култура во уметноста и се стимулираат децата да го изучуваат ова како занает и уметност. Знаеме дека мозаикот има долга традиција во овој регион и ја изразува вашата култура, поради што сум посебно радосна што и ние дадовме свој придонес во негувањето на ваквите вредности, истакна амбасадорката Сибил Зутер Техада. Градоначалникот Димитров упати благодарност за поддршката од Швајцарската амбасада и нагласи дека обврска на локалната заедница, во соработка со комуналното претпријатие „Солидарност”, ќе биде зачувањето на автентичноста на ова мало катче во паркот во Виница. Ито така, беше упатен апел граѓаните да се воздржат од сквернавење и уништување на мозаичната инсталација. та/бак/

Остани поврзан