• петок, 27 декември 2024

Трајко Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ

Трајко Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ

11 ноември 2023 

 

За време на “режимот“ до 2017 година:

За време на “режимот“ законите со ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ беа закони со кореспондентни табели и никогаш Комисијата за европски прашања не беше матично тело, туку заинтерсирано тело и даваше само мислење.

     Никому му нема паднато на ум, а камо ли да се дрзне и да го злоупотреби европското знаменце, да го девалвира и да го прави предмет на потсмев.

ИЗВЕШТАИ на НЕЗАВИСНИТЕ РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА беа разгледувани на пленарна седница веднаш откако ќе беа добиени и беа гласани со соодветни заклучоци.

 ЗАКОНИ ПРЕДЛОЖЕНИ од ОПОЗИЦИЈАТА беа разгледувани на пленарна седница, во деловничкиот рок, најдоцна до месец дена.

ИНФОРМАЦИИ ПРЕДЛОЖЕНИ од ОПОЗИЦИЈАТА беа ставани на Дневен ред, дискутирани и разгледувани на секоја втора седница.

 На редовната понеделничка КООРДИНАЦИЈА се договараше неделен распоред за пленарни седници и комисии, како придобивка од Вестминстер проектот.

ИЗВЕШТАЈОТ на ЕУ за НАПРЕДОКОТ на РЕПБЛИКА МАКЕДОНИЈА беше дочекуван со најголема сериозност, разгледуван на пленарна седница и со консензус гласани Заклучоци предложени од Националниот Совет.

 Е-Парламентот, за пример на светско ниво, целосно функционален, со стенографски белешки од пленарните седници од 1990 година, со видео записи од пленарните седници од 2002 година.

За време на мандатните периоди од 2008-2016 НЕЗАВРШЕНИ СЕДНИЦИ - 12 и НЕЗАВРШЕНИ ТОЧКИ - 20.

За време на хибридниот режим од 2017 година до денес
     

Злоупотребата на закони со европско знаменце е измислица на оваа власт.

Злоупотребата на европското знаменце започна од почетокот на 2018 година со вонделовничко донесување на Законот за употреба на јазиците.

 По што на секој проблематичен закон му лепеа европско знаменце и Комисијата за европски прашања противуставно ја направија втор законодавен дом.
    
 Извештаите на независните регулаторни тела или воопшто не се разгледуваат или се ставаат а разгледување после две години кога истите се беспредметни за расправа.
   
 Закони предложени од опозицијата (колку и да беа) воопшто не се разгледани, вонделовнички стојат ’замрзнати’ во собранискиот фрижидер.
 

Колку ИНТЕРПЕЛАЦИИ доживеаја прекршување на деловничките рокови и процеури!?
     
 Информации предложени од опозиција (колку и да беа) воопшто не се разгледувани.
   
Нема никаков договор на понеделничката Координација.

Извештајот на ЕУ за напредок на РМ или не е разгледуван или со година дена задоцнување и без усогласени Заклучоци од Националниот Совет.
              

Е-парламент нефукционален, со стенографски белешки и видео записи од 2008 година, со неприфатливо и неиздржано оправдување за процес на мигрирање на податоци кој необјасниво трае повеќе од година дена.
 

За време на мандатниот период 2017-2023 незавршени седници - 58 и незавршени точки  - 479.
 

Сето нотирано погоре, меѓу останатото, резултираше со, за жал, НАЈЛОШИОТ, НАЈНЕГАТИВНИОТ Извештај на ЕУ за напредокот на Република Македонија во историјата, во делот на функционирањето на законодавната власт и работењето на Собранието на Република Македонија!

Трајко Вељаноски,

Поранешен Претседател на Собранието на Република Македонија

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

 

Остани поврзан