• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трајков на панел-дискусија во Белград со фокус на прекугранична соработка

Трајков на панел-дискусија во Белград со фокус на прекугранична соработка

Скопје, 4 април 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, денеска и утре во Белград ќе учествува на панел-дискусија на тема „Европски проекти за прекугранична соработка за унапредување на административните капацитети на институциите на македонската заедница во Србија". 

Како што соопштија од МЕП, заменик-министерката за европски прашања, Трајков ќе биде панелист на настанот, каде ќе се осврне на реализацијата на европските проекти во рамки на прекуграничната соработка. 

Панел-дискусијата е во организација на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија. дма/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан