Трајков - Божовиќ: Продлабочување на билатералната соработка преку заеднички иницијативи за реализација на проекти
- Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска, во просториите на Министерството за правда, оствари работна средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска, во просториите на Министерството за правда, оствари работна средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.
На средбата, како што соопшти МЕП, се дискутирало за можностите за продлабочување на билатералната соработка преку заеднички иницијативи за реализација на проекти.
На средбата се разговарало и за евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан, размена на искуства во однос на европските регулативи, како и искуството на Црна Гора во отворањето на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на правосудството и борбата против корупцијата со што Црна Гора има значителен напредок во овие области. дма/са/
Фото: Министерство за европски прашања