• четврток, 26 декември 2024

Трајковски: Судбината вмеша прсти

Трајковски: Судбината вмеша прсти
Палермо, 25 март 2022 (МИА) – Стрелецот на победоносниот гол против Италија, Александар Трајковски, изјави оти судбината посакала тој да ѝ донесе сензационална победа на македонската репрезентација на стадионот „Ренцо Барбера“ на кој настапуваше четири години како поранешен член на Палермо. - Со последните сили шутнав и целиот фокус го ставив во тој последен шут. Како да беше судено дека морам да дадам гол на стадионот каде што поминав прекрасни четири години. На крајот излезе сè како што треба и се израдувавме сите, изјави Трајковски, кој беше член на италијански Палермо од 2015 до 2019 година. Македонските фудбалери во вторник во Порто ги очекува финалниот натпревар против Португалија за место на Мундијалот 2022. - Треба да се одмориме и добро да се подготвиме за Португалија. Имаат многу индивидуалци и одлични фудбалери. Мораме да веруваме дека можеме да се носиме и со нив. Знаеме дека ќе биде тешко, но фудбалот прави чуда. И вчера никој не веруваше, но се случи тоа што ќе се случи. Одиме во Португалија да дадеме максимум и се надевам дека ќе отидеме на светско, порача Трајковски. ег/ар/

Остани поврзан