• петок, 20 декември 2024

Трајковски пред стартот на Лигата на нации: Не бегаме од фаворитската улога

Трајковски пред стартот на Лигата на нации: Не бегаме од фаворитската улога
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за почетокот на новото издание на Лига на нации и премиерниот натпревар против Бугарија в четврток во Разград. На националниот тим денеска му се приклучи и крилниот напаѓач на Ал Фејха, Александар Трајковски, кој истакна дека „црвено – жолтите“ влегуваат како фаворити во групата со Бугарија, Грузија и Гибралтар за промоција во Б-дивизијата и бараж за пласман на Европското првенство 2024 во Германија. - Овој квалификациски циклус нè води на ново големо натпреварување. Ова е нова прилика и треба сите да бидеме максимално фокусирани за да ја искористиме шансата која ни се укажува за настап на Европско првенство, изјави Трајковски. - Мислам дека за другите репрезентации ние сме фаворити, бидејќи резултатите кои ги направивме тоа го потврдуваат. Не бегаме од таа улога и се надевам дека ќе ја оправдаме, додаде Трајковски по приклучувањето на подготовките во Скопје. ег/ар/

Остани поврзан