• недела, 01 септември 2024

Трајковски: Како што заборавивме на поразот од Швајцарија, така ќе ја заборавиме и оваа победа

Трајковски: Како што заборавивме на поразот од Швајцарија, така ќе ја заборавиме и оваа победа
Скопје, 14 август 2021 (МИА) – Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Трајковски е задоволен од постигнатиот резултат (69:47) во дуелот со Словачка. Нашиот центар вели дека она што било договарано пред средбата било во најголем дел и реализирано, но побара да се остане смирен и да не се создава еуфорија по убедливиот триумф. - Се што се случи првиот натпревар, го поправивме во вториот. Тоа што се договаравме да не го правиме, не го правевме. Игравме без нервоза и без грешки и на крајот заслужено победивме. Како што го заборавивме поразот од првиот натпревар, така ќе ја заборавиме и оваа победа. Имаме уште два меча до крај, мора да бидеме внимателни. Се надевам дека ќе завршиме со тој позитивен скор. Секој натпревар е приказна за себе, ќе се обидеме да бидеме подобри со Швајцарија и да не промашуваме зицери. Сакаме победи и на следните два натпревари, изјави Бојан Трајковски. Утре е слободен ден, а вторите меѓусебни средби, репрезентациите ќе ги одиграат на 16, 17 и 18 август. зс/

Остани поврзан