• четврток, 26 декември 2024

Трајковски: И по првите 100 дена од вториот мандат, приоритет остануваат инфраструктурните проекти во Делчево

Трајковски: И по првите 100 дена од вториот мандат, приоритет остануваат инфраструктурните проекти во Делчево
Делчево, 10 февруари 2022 (МИА) - Дореализација на започнатите проекти, но и подготовка за реализација на нови кои ќе донесат подобар квалитет на животот во Делчево. Презентирајки дел од она што е реализирано по првите 100 дена од почетокот на својот втор мандат, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на денешната прес-конференцијата истакна дека во овие 100 дена локална власт, фокусот останува на инфраструктурните проекти. -И во овие 100 дена локална власт, приоритет остануваат инфраструктурните проекти, за да донесеме развој, да изградиме капитални објекти кои ќе останат за генерации и генерации наши сограѓани и ќе сведочат за нашата посветеност да ги промениме работите на подобро. Обезбедивме нови инвестиции во Делчево во висина од над 110 милиони денари, не сметајќи ги овде тековните инвестиции кои се однесуваат на доизградба на инфраструктурни проекти, како и реализацијата на проектот за Водоснабдување на Делчево, рече Трајковски. Од реализираните проекти меѓу останатите градоначалникот на Делчево ги напомена неколкуте изградени улици, како во градот, така и во селските средини, почетокот на изградбата на нов водоснабдителен систем во селото Ѕвегор, втората фаза од изградбата на современиот Градски пазар, изградбата на нова градинка во населбата Расадник, како и постапката за почеток на градежни работи на фотоволтаици и пречистителна станица за вода во село Тработивиште. Отчетот кој е обемен и содржи реализација на голем број проекти е објавен на Општинската веб страница и е прв пресек на работата на Трајковски за првите 100 дена од почетокот на неговиот втор мандат. Најави дека Општината и понатаму продолжува со зацртаните активности, се со цел Делчево да биде гордост за неговите жители. вс/аа/

Остани поврзан