• четврток, 19 декември 2024

Трајановски: Патишта треба и да градиме, но и редовно да ги одржуваме, за што е потребно и одвојување на повеќе средства

Трајановски: Патишта треба и да градиме, но и редовно да ги одржуваме, за што е потребно и одвојување на повеќе средства

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски ја посети асфалтната база на Јавното претрпијатие за одржување на магистралните и регионалните патишта (Македонија пат) во Скопје која до денеска беше единствено активна, а од денеска стартуваа со работа и асфалтните бази во Велес и Битола. Трајановски изврши увид и во асфалтирањето на делницата Желино-Јегуновце, а асфалтирање на поравнителниот асфалт се вршеше и на Р1102 кај Демир Капија, информираат од јавното претпријатие.

При увидот тој потенцирал дека не е важно само да се инвестира во патишта туку исто така е важно и да се одржуваат. Одржувањето на патиштата како обврска е пренесено на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат), но поради неисполнети обврски од страна на претходното раководство на ЈП за државни патишта кон нив, односно поради префрлување на средства само за зимско одржување и за плати, но не и средства за работа, не биле во состојба да ги стартуваат асфалтните бази ниту да започнат со чистење на патиштата. 

-Една од главните заложби на директорот на ЈППД Коце Трајановски со неговото стартување на функцијата беше да се отпочне со исплата на долгот кон Македонијапат со цел да се овозможи отпочнувањето со чистење на патиштата и асфалтирање и санирање на оштетените делови. Во таа насока се договори динамика на работење со Македонијапат со што ја враќаме условно речено „во живот“ за доброто на граѓаните и нивната безбедност како учесници во сообраќајот на магистралните и регионалните патишта, се вели во соопштението од ЈППД. 

Од јавното претпријатие додаваат дека во иднина јавно ќе тежнеат кон зголемување на средствата за одржување на постојната патна мрежа. сст/лв/

 

 

 

 

Остани поврзан