• среда, 25 декември 2024

Трајановски: На патарините во август наплатени рекордни 7.804.840  евра

Трајановски: На патарините во август наплатени рекордни 7.804.840  евра

Скопје, 3 август 2024 (МИА) -  Во август годинава на патарините наплатени се 7.804.840 евра што претставува рекордна месечна наплата. Споредено со истиот месец минатата година наплатени се 241.329 евра повеќе, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски, кој денеска го посети Оперативниот центар во Петровец, соопшти прес-службата на ЈПДП.

Трајановски бил информиран дека продолжува трендот на зголемување на приходите по основ на наплата на патарини.

Оперативниот центар во Петровец претставува мултифункционална целина преку која се мониторира работењето на сите наплатни станици и сите активности поврзани со наплатата на патарина.

-За негово успешно функционирање потребно беше да се направи доекипирање во делот на контролата и во делот на електронската наплата затоа што имаше недостаток на кадар во таканаречениот Контролен центар кој 24/7 ја следи состојбата на наплатните станици во живо, преку лајв стрим, а во исто време се прави и контрола на работењето преку системот за видео надзор со прегледување на снимен видео материјал, информираат од ЈПДП. 

Директорот Трајановски во VideoWall просторијата разговарал со вработените при што, како што стои во соопштението, побарал поголема професионалност и посветеност во работата.

- Исто така, можеше и лично да се увери како преку софистицирани софтверски програми се контролира и работењето на секој вработен оператор-инкасант вонаплатните кабини, како се следи сообраќајот на самите наплатни ленти, како се детектира секој проблем во и околу наплатните станици. Во WideoWall просторијата се надгледуваат и влезот, излезот и состојбата на тунелите кај Демир Капија-Смоквица, соошти ЈПДП.

Трајановски остварил средба и со одговорните на наплатните станици кои го запознале со секојдневните проблеми со кои се соочуваат и од кои, стои во соопштението, очекува, исто така максимална посветеност и професионалност во извршувањето на работата. Побарал и поголема ангажираност од страна на стручните служби и преземање на поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина.

- Имено, од страна на контролорите во Контролниот центар евидентирани се над 500.000 возила кои поминале на наплатните станици без да извршат плаќање. За таа цел, во план е организирање и на контроли на отворен пат во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај.

Од почеток на годинава, за периодот јануари-август годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, надополнување, продажба на уреди и наплата од поминувања од Опен Балкан во висина од 45.079.748 евра.

Од почетокот на електронската наплата, пак, од 3 јули 2019 до 1. месецов  продадени се 33.620 Мтаг уреди и 195.825 МСмарт картички, или вкупно 229.455 електронски уреди.лв/цр/

фото: ЈПДП

Остани поврзан