• сабота, 27 јули 2024

Трас пристигна во Сараево

Трас пристигна во Сараево
Сараево, 25 мај 2022 (МИА) -   Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас пристигна во Сараево. Трас утре треба да се сретне со претставници на БиХ, а во Сараево треба да остане до утре вечер, јавија локалните медиуми. Шефицата на британската дипломатија прво ќе се сретне со министерот за надворешни работи на БиХ, Бисер Турковиќ, а потоа се планирани средби со членовите на Претседателството на БиХ.

Остани поврзан