• четврток, 26 декември 2024

Трансформаторот за РЕК Битола тргна од фабриката во Турција

Трансформаторот за РЕК Битола тргна од фабриката во Турција
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција, вчера изутрина тргна со специјален камионски транспорт кон Битола. Трансформаторот се очекува да пристигне во РЕК Битола на 22 ноември, по што ќе бидат потребни 10-тина дена за да се изврши негова монтажа. Како што информираат денеска од ЕСМ, 400-киловолтниот трансформатор со тежина од 240 тони се пренесува со специјална композиција преку патен транспорт низ Турција, бродски и патен транспорт низ Грција, и патен од преминот Меџитлија до РЕК Битола. Композицијата долга 60 метри побарува специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина. -Транспортот тргна со задоцнување од една седмица од предвидениот рок, поради подолгото време кое беше потребно да се осигураат сите услови и соодветни дозволи за движење во Република Грција, кои произлегуваат токму од специфичноста на овој транспорт, велат од ЕСМ. сст/са/      

Остани поврзан