• среда, 16 октомври 2024

Трансферот на Кантона највреден во историјата на Премиер лигата

Трансферот на Кантона највреден во историјата на Премиер лигата

Лондон, 14 јули 2023 (МИА) – Новинарите на лондонски „Дејли Мејл“ составија листа на играчи чии трансфери оставиле голема трага во англискиот фудбал, а за нив или воопшто не било платено обесштетување или биле ангажирани за симболична сума.

Број еден во изборот на „Дејли Мејл“ е Французинот Ерик Кантона, кој во 1992 година дојде во Манчестер јунајтед од Лидс за 1.5 милиони евра. Неговиот трансфер не беше ниту меѓу првите пет тоа лето.

Втор на листата е сонародникот на Кантона, Патрик Виера, кој од Милан за 3.5 милиони евра го засили Арсенал во 1996 години.

Меѓу Топ 3 највредни трансфери во историјата на Премиер лигата во изборот на лондонскиот весник е и доаѓањето на Џејми Варди од нисколигашот Флитвуд во Лестер во 2012 година.

Варди со Лестер ја освои шампионската титула, стекнувајќи и статус на репрезентативец, а Лестер за неговите услуги плати 1.2 милиони евра. ег/паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан