• четврток, 19 декември 2024

Транспаренси интернешнл: Лани спроведени само 10 отсто од активностите за борбата против корупцијата

Транспаренси интернешнл: Лани спроведени само 10 отсто од активностите за борбата против корупцијата

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Само 10 проценти од активностите предвидени во националната стратегија за борба против корупцијата биле спроведени во 2022 година, се вели во барометарот на корупција за април 2023 година, што го спроведе Транспаренси интернешнл-Македонија, во рамки на проектот „Бистро-Матно“.

-Лани биле завршени само 10 проценти од активностите предвидени во четиригодишната Стратегија за борба против корупцијата. Причината за оваа ниска реализација на националната стратегија, според првата претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, се слабата посветеност на институциите, честите менувања на министрите партизирана администрација, велат од Транспаренси интернешнл.

Во делот на „матните“ настани за април оваа година, се споменува делото на Мијалков во „Титаник 2 “ кое е застарено, а според Транспаренси интернешнл, причината е неефикасноста на судството.

-7 Април 2023 година е датумот кога настапи апсолутна застареност за кривично гонење на, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, за делото примање награда за противзаконито влијание. Поминаа 10 години, што е двојно повеќе време од максималната казна (5 години) за ова дело, сметано од времето на сторување. Причина за застарувањето е неефикасноста на судството. Поминаа речиси пет години од првото одржано рочиште за овој предмет на 24.04.2018 година. Оттогаш, од најразлични причини, случајот не успеа да дојде до правосилна пресуда, се вели во извештајот.

Од Транспаренси интернешнл го потенцираат и Ревизорскиот извештај на АД МЕПСО за 2021 година, кој, како што велат, е со голем број неправилности

-Ревизорскиот извештај што Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај за усогласеност на АД МЕПСО за 2021 година и влијанието на енергетската криза во работењето. ДЗР изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. на усогласеност на АД МЕПСО за 2021 година и влијанието на енергетската криза во работењето, се вели во извештајот на Транспаренси Интернешнл.

Исто така, се споменува и разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, како и на реакцијата на Советот на Јавни обвинители за ставот на обвинителката Ленче Ристовска.

Во делот на „бистрите“ настани за април оваа година, е наведена изјавата на обвинителката Ленче Ристоска за Советот на јавни обвинители, како и кривичната пријава за вработена во Катастар која ја злоупотребила службената положба. бт/нд/

 

 

 

Остани поврзан