• вторник, 24 декември 2024

Трамп ќе се изјасни за невин во новиот случај за мешање во изборите во 2020 година

Трамп ќе се изјасни за невин во новиот случај за мешање во изборите во 2020 година

Вашингтон, 4 септември 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се изјасни за невин по обвиненијата дека се обидел да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020 година од Џо Бајден.

Трамп, републиканскиот претседателски кандидат, се откажа од правото да се појави на суд и наместо тоа ги овласти своите адвокати да се изјаснат во негово име во новиот случај против него поврзан со наводното мешање во претседателските избори во 2020 година. Изменетиот обвинителен акт, поднесен минатата недела од специјалниот советник Џек Смит, ги вклучува истите четири обвиненија кои обвинителите ги покренаа против Трамп минатата година.

Тој е обвинет за обид за измама на Соединетите Американски Држави, попречување на потврдувањето на изборите во Конгресот и лишување на гласачите од нивното право на фер гласање. Трамп верува дека имал целосно право да се меша во резултатите од изборите во 2020 година. Во новото обвинение се изоставени и изменети одредени обвиненија, откако Врховниот суд пресуди дека Трамп има широк имунитет од кривично гонење за службените дејствија што ги преземал додека бил претседател.

Во август 2023 година, Трамп се изјасни за невин пред федералниот суд во Вашингтон за федералните обвиненија за вклучување во „криминална шема“ за поништување на резултатите од изборите во 2020 година за да остане на функцијата.

Обвинителите и адвокатите на Трамп се очекува да ги одредат следните чекори по одлуката на Врховниот суд на судското сослушување во четврток. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан