• четврток, 26 декември 2024

Трамп ја тужи својата внука и Њујорк тајмс за напис за сомнителни даноци

Трамп ја тужи својата внука и Њујорк тајмс за напис за сомнителни даноци

Њујорк, 22 септември 2021 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи својата внука и весникот „Њујорк тајмс“ поради напис од 2018 година, во кој се тврди дека бил вмешан во „сомнителни даночни шеми“, објави Би - Би - Си.
Во тужбата, поднесена во Њујорк, Мери Трамп и новинарите се обвинети за „вмешаност во подмолна завера“ за добивање доверливи документи.
Се наведува дека Мери Трамп (56) го прекршила договорот за спогодба со кој и се забранува да открива документи.
Таа се откри како извор на приказната во мемоарите објавени во 2020 година, „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“.
Трамп упорно ги отфрла тврдењата изнесени во таа книга и без успех се обиде да го спречи нејзиното објавување.
Мери Трамп, ќерка на постариот брат на Доналд Трамп, Фред Трамп, кој почина во 1981 година на 42--годишна возраст, се уште не ја коментираше тужбата. паг/
   

Остани поврзан