• среда, 25 декември 2024

Трамп ја избра Линда Мекмахон за секретарка за образование

Трамп ја избра Линда Мекмахон за секретарка за образование

Вашингтон, 20 ноември 2024 (МИА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ја избрал коосновачката на Ворлд реслинг Ентертејнмент Линда Мекмахон да биде идна американска секретарка за образование.

Ворлд реслинг Ентертејнмент (World Wrestling Entertainment) попозната по кратенката WWE, е голема компанија која организира професионални настани во борење. Ја основал свекорот на Мекмахон, Винсент Мекмахон постариот, во 1963 година и е најпопуларната компанија во светот на професионалното борење која има своја лига.

Мекмахон, кој служеше како администраторка на Администрацијата за мали бизниси од 2017 до 2019 година за време на првиот мандат на Трамп, во моментов е копретседавач на неговиот тим кој се подготвува за инаугурацијата на републиканецот во јануари, пренесе ДПА.

Трамп рече дека Мекмахон „неуморно ќе се бори“ за да ги поттикне родителите да ги донесат најдобрите образовни одлуки за нивните семејства.

- Линда ќе го искористи своето децениско лидерско искуство и длабоко разбирање и за образованието и за бизнисот, за да ја зајакне следната генерација американски ученици и работници и да ја направи Америка број еден во образованието во светот. Ќе го вратиме образованието назад во САД и Линда ќе ги предводи тие напори, нагласи Трамп.

Заедно со нејзиниот сопруг Винс, Мекмахон ја изгради боречката лига WWE. Таа беше и шеф на WWE некое време, но потоа отиде во политиката и неуспешно се обиде да биде избрана во Сенатот на САД. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан