• петок, 20 декември 2024

Трамп укина ограничување за употреба на противпешадиски мини

Трамп укина ограничување за употреба на противпешадиски мини
Вашингтон, 31 јануари 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги укина ограничувањата, наметнати врз американската војска во 2014 година во врска со употребата на противпешадиски мини . „Новата политика ќе и овозможи на командата во вонредни околности да користи напредни противпешадиски мини, специјално дизајнирани за да го намалат повредувањето цивили“, се вели во соопштението на Белата куќа. Трамп на тој начин ја поништи одлуката на неговиот претходник Барак Обама делумно да се приклучи на Договорот за забрана на употреба на противпешадиски мини, ратификуван од 164 земји. Договорот забранува употреба, складирање, производство и пренесување нагазни мини што се вкопани во земја и експлодираат кога ќе згазне на нив. САД не ја потпишаа Конвенцијата, но од 1991 година тие ги користеа само во Авганистан. Обама забрани употреба на противпешадиски мини освен на Корејскиот полуостров, каде американските војници го задржуваат правото да ги постават. зш/

Остани поврзан