• четврток, 26 декември 2024

Трамп стави вето на буџетот за одбрана

Трамп стави вето на буџетот за одбрана
Вашингтон, 23 декември 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на буџетот за одбрана, кој претходно беше одобрен од Конгресот, соопшти Белата куќа. Тој оцени дека одобрениот буџет од страна на Конгресот претставува „подарок“ за Русија и Кина. Претходно Трамп предупреди дека ќе стави вето на буџетот за одбрана во износ од 740 милијарди долари претходно одобрен од Конгресот, и покрај фактот што документот доби поддршка од Парламентот, дозволувајќи му да го заобиколи ветото. Предлог-законот предвидува проширување на санкциите против руските гасоводи „Северен поток 2“ и „Турски поток“, натамошно снабдување со оружје за Украина, забрана за воена соработка меѓу американски и руски воени сили и санкции против Турција поради набавка на руски системи за противвоздушна одбрана С-400, како и други мерки против Русија. гт/

Остани поврзан