• среда, 25 декември 2024

Трамп со твит во одбрана на приврзаниците кои демонстрираа во Вашингтон

Трамп со твит во одбрана на приврзаниците кои демонстрираа во Вашингтон
Вашингтон, 7 јануари 2021 (МИА) - Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги бранеше насилните демонстранти, неговите приврзаници кои упаднаа и уништуваа во зградата на американскиот Конгрес, јави Си-Ен-Ен. „Тоа се случува кога изборна победа е злобно украдена. Запомнете го денешниот ден засекогаш", објави Трамп на својот профил на Твитер. Тој ги повика демонстрантите да се разотидат „во љубов и мир". Твитер повторно забрани коментирање и споделување на објавата на Трамп на својата мрежа. Подоцна го избриша твитот на Трамп.

Остани поврзан