• недела, 24 ноември 2024

Трамп: Сиетл е преземен од терористи

Трамп: Сиетл е преземен од терористи
Вашингтон, 11 јуни 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер објави дека Сиетл, каде родолжуваат протестите поради расната дискриминација и полициска бруталност, е преземен од терористи. - Локалните терористи го презедоа Сиетл, кои, се разбира, се контролирани од радикалните левичарски демократи, напиша Трамп на Твитер и побара воспоставување на закон и ред. Тој  упати и критика до „радикалната левичарска“ локална власт пoради нивното справување со демонстрациите и ги повика гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли и градоначалничката на Сиетл, Џени Деркан да воспостават контрола. - Вратете си го градот СЕГА. Ако вие тоа не го направите, ќе го направам јас. Ова не е игра. Тие ужасни анархисти треба да бидат запрени ВЕДНАШ. РЕАГИРАЈТЕ БРЗО, напиша Трамп на Твитер. ми/  

Остани поврзан