• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп: Русите ја бомбардираат Украина како луди

Трамп: Русите ја бомбардираат Украина како луди

Вашингтон, 8 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа повторно го изрази своето незадоволство од продолжувањето на руското бомбардирање во Украина.

-Не сум задоволен од тоа што се случува со бомбардирањето, сега бомбардираат како луди, рече Трамп, кој претходно најави дека брзо ќе ја заврши војната во Украина преку преговори.

На прашањето зошто не воведе царини за Русија, тој рече дека САД не соработуваат со неа бидејќи е во војна.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан