• среда, 25 декември 2024

Трамп разговараше со Маск на „Х“, интервјуто го следеа повеќе од 1,3 милиони

Трамп разговараше со Маск на „Х“, интервјуто го следеа повеќе од 1,3 милиони

Вашингтон, 13 август 2024 (МИА) - Републиканскиот кандидат за претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, разговараше со милијардерот Илон Маск на платформата „X“, а интервјуто како што беше забележано на почетокот, го следеле повеќе од 1,3 милиони луѓе.

Интервјуто на „X“ доцнело повеќе од 40 минути, а според мислењето на Маск имало „масивни сајбер напади“, но причината за неуспехот не била сосема јасна, пишува Гардијан.

Трамп го започна разговорот раскажувајќи го неуспешниот обид за атентат врз него на 13 јули на митингот во Батлер, Пенсилванија, кој рече дека повторно ќе го посети во октомври. Тој потоа зборуваше за неговите антиимиграциски ставови, предупредувајќи на „нечесни“ луѓе кои се обидуваат да влезат во земјата преку границата меѓу САД и Мексико. За Камала Харис, тој рече дека таа ја „уништила“ Калифорнија кога служела како државен обвинител таму, а подоцна и како нејзин сенатор. Во врска со војната во Украина, Трамп нагласи дека можел да ја запре. 

Како што процени „Гардијан“, Маск сугерираше дека може да помогне во идната администрација на Трамп како член на „владината комисија за ефикасност“.

Кампањата на Харис го осуди интервјуто, нарекувајќи го пример за „екстремизмот и опасната агенда на „Проект 2025“ на Трамп.

-Целата кампања на Трамп е во служба на луѓето како Илон Маск и тој самиот, односно богатите луѓе кои се заљубени во себе и кои ќе ја распродадат средната класа, изјави портпаролот на кампањата на Харис, Џозеф Костело. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан