• сабота, 27 јули 2024

Трамп предлага одложување на Олимпијадата во Токио за една година

Трамп предлага одложување на Олимпијадата во Токио за една година
Вашингтон, 12 март 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека официјалните лица би требале да ја разгледаат опцијата за одложување на Летните олимписки игри во Токио за една година поради пандемијата на Ковид-19. Според Трамп, тој настан не е ист со и без публика. САД се инаку најбројниот учесник на Олимпијадата, која оваа година е планирана да се одржи од 24 јули до 9 август. Јапонски официјални претставници се обидоа да шпекулираат дека Олимпијадата би можела да биде одложена или откажана по прогласување пандемија на коронавирусот во светот. сѓд/гт/

Остани поврзан