• недела, 24 ноември 2024

Трамп по ослободувањето од Сенатот: Нашето движење само што почнува

Трамп по ослободувањето од Сенатот: Нашето движење само што почнува
Вашингтон, 13 февруари 2021 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше ослободен од Сенатот од обвинение за поттикнување бунт, вети дека ќе продолжи да ја брани „големината на Америка“. „Нашето величествено, историско и патриотско движење „Да ја направиме Америка повторно голема“, само што почнува“, наведе Трамп во изјавата, повторно претставувајќи се како жртва на „лов на вештерки“. „Ќе имам многу што да споделам со вас во следните месеци и едвај чекам да ја продолжам ... на патот кон голема Америка“, додаде тој, без да ја наведува својата политичка иднина. Трамп им се заблагодари на сите сенатори „кои гордо го бранеа уставот“ и го критикуваше процесот на импичмент како „нова фаза во најголемиот лов на вештерки во историјата“. „Ниту еден претседател никогаш не бил третиран вака“, изјави тој. Педесет и седум сенатори гласаа „виновен“, а 43 „не е виновен“. Потребното двотретинско мнозинство во Горниот дом на американскиот Конгрес за да биде осуден Трамп не беше постигнато. зш/

Остани поврзан