• среда, 18 декември 2024

Трамп поднесе уште една жалба на судска одлука

Трамп поднесе уште една жалба на судска одлука

Њујорк, 4 октомври 2023 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја обжали одлуката на судијата да не ја отфрли тужбата за измама на обвинителката на државата Њујорк Летиција Џејмс против Трамп и неговото семејство, два дена по почетокот на судењето.

Жалбата беше поднесена додека Трамп седеше во судницата на Менхетен, гледајќи го сметководителот кој работеше за него како сведочи како прв сведок на обвинителството.

Демократската јавна обвинителка бара парични казни од најмалку 250 милиони долари, трајна забрана против Трамп и неговите синови, Доналд Џуниор и Ерик да водат бизнис во Њујорк и петгодишна забрана за работа со комерцијални недвижности за Трамп и неговите компании.

Таа рече дека „неверојатната измама“ имала за цел да му помогне на Трамп да добие поволни услови од банките и осигурителите.

На 26 септември, судијата Артур Енгорон рече дека има „убедливи докази“ дека Трамп вештачки го зголемил своето богатство преценувајќи го својот имот во Мар-а-Лаго, неговиот луксузен апартман во кулата Трамп и разни деловни згради и терени за голф.

Енгорон, исто така, нареди откажување на сертификатите што им дозволуваа на некои компании на Трамп, вклучувајќи ја и организацијата Трамп, да работат во Њујорк.

Жалбата на Трамп се однесува на главните заклучоци на Енгорон. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан