• четврток, 26 декември 2024

Трамп повторно преку Твитер: Јас сум победник

Трамп повторно преку Твитер: Јас сум победник
Вашингтон, 7 ноември 2020 (МИА) -  Американскиот претседател Доналд Трамп повторно објави гневна порака на Твитер, со факти за кои верува дека потврдуваат дека изборите биле нефер и дека победата на неговиот ривал Џо Бајден не била легална. Според него, милиони ливчиња биле испратени до луѓе кои не го сакале тоа, додека набљудувачи не биле во можност да бидат присутни при пребројувњето. Тој тврди дека добил 71.000.000 законски гласови и дека е - победник. Претходно, Трамп одби да признае дека загубил на претседателските избори откако американските медиуми објавија дека победник е Џо Бајден. зш/

Остани поврзан