• четврток, 19 декември 2024

Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас

Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас

Вашингтон, 25 јули 2024 (МИА) - Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, повика на брз прекин на војната меѓу Израел и Хамас и враќање на заложниците, ден пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој додаде дека Израел треба подобро да управува со своите „односи со јавноста“, објавија израелските медиуми.

Трамп смета дека војната треба брзо да заврши бидејќи, како што рече, „се десеткувани од тој публицитет Израел не е многу добар во односите со јавноста“.

Во интервју за Фокс њуз, поранешниот американски претседател ги критикуваше демонстрантите кои протестираа за време на говорот на Нетанјаху во американскиот Конгрес во средата, барајќи казна затвор од една година за сквернавењето на американското знаме.

Некои демонстранти ги извадија американските знамиња од јарболите и ги заменија со палестински знамиња.

Трамп додаде дека земји како Русија, Кина и Северна Кореја „се смеат на САД“ поради „лабавото потиснување на таквата активност“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан