• недела, 24 ноември 2024

Трамп повика двајца судии на Врховниот суд на САД да се изземат од дела поврзани со него

Трамп повика двајца судии на Врховниот суд на САД да се изземат од дела поврзани со него
Вашингтон, 25 февруари 2020 (МИА) - Претседателот на САД Доналд Трамп денеска искритикува две судијки на Врховниот суд на САД поради нивните либерални ставови. Како што изјави Трамп, судиите Соња Сотомајор и Рут Гинзбург треба самите да се изземат од разгледување на сите дела кои имаат поврзаност со претседателот на САД. Во врска со ова тој ја наведе неодамнешната изјава на Сотомајор која содржи критики на адреса на администрацијата на Трамп. Судијката критикуваше зошто кога таа не може да добие случаи на пониски судски истанци, администрацијата веднаш се потпира на Врховниот суд, кој, пак, од своја срана брзо пресудува случаи во корист на Белата куќа. На прес-конференција по повод резултатите од дводневната посета на Индија, Трамп коментарите на Сотомајер ги нарече „неумесни“. кб/гт/

Остани поврзан