• среда, 27 ноември 2024

Трамп повика гувернерите да ги отворат верските објекти „веднаш“

Трамп повика гувернерите да ги отворат верските објекти „веднаш“
  Вашингтон, 22 мај 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повика гувернерите да овозможат црквите и другите верски објекти во сојузните држави да ги отварат вратите, додека земјата полека ги укинува мерките на карантин по епидемијата од коронавирус. На брифинг за новинарите денеска во Белата куќа Трамп изјави дека „ги идентификувам верските објекти како цркви, синагоги, џамии, за суштински места кои обезбедуваат суштински услуги“. -Гувернерите треба да направат тоа што е исправно, и да овозможат овие важни суштински места за вероисповест да се отварат веднаш, за викендот, изјави Трамп. Додаде ако не го сторат тоа, „ќе ги анулира нивните решенија. Во Америка нам ни треба повеќе места за молитва, не помалку“. Во САД викендов е празник Ден на сеќавањето, посветен на сите Американци кои загинале во бој во разни војни и ја дале конечната жртва за нацијата. Претходно, по повод овој ден, претседателот нареди знамињата на сите владините згради и споменици да бидат спуштени на половина копје во следните три дена за сеќавање на Американците кои ги загубија животите во пандемијата на коронавирусот. кб/    

Остани поврзан