• вторник, 24 декември 2024

Трамп побара официјално да се врати на социјалната мрежа Фејсбук

Трамп побара официјално да се врати на социјалната мрежа Фејсбук

 

 

Вашингтон, 18 јануари 2023 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп официјално побара да се врати на Фејсбук, објавија денеска негови соработници.

Скот Гаст, адвокатот на Трамп, упати писмо до основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Во него тој побара средба за да се разговара за брзото враќање на Трамп на социјалната мрежа. Во писмото, адвокатот ја повикува платформата да поттикне вистински дијалог, а не да го замолчува гласот на претседателски кандидат.

На Трамп му беше забранет пристапот на Фејсбук на две години по упадот на Конгресот на 6 јануари 2021 година од неговите поддржувачи. зш/

Остани поврзан