• петок, 27 декември 2024

Трамп планира да потпише закон за санкции против кинески функционери

Трамп планира да потпише закон за санкции против кинески функционери
Вашингтон, 9 јуни 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп планира да потпише закон со кој се бараат санкции против кинески функционери одговорни за угнетување на ујгурските муслимани, изјави денеска извор запознаен со ова прашање. Изворот не прецизираше кога Трамп би можел да го потпише законот, јавија светските агенции. Предлог-законот, кој минатиот месец го усвоија двата дома на американскиот Конгрес со двопартиска поддршка, повикува на санкции против оние што се одговорни за репресија на Ујгурите и другите муслимански групи во кинеската провинција Синџијанг, каде Обединетите нации проценуваат дека повеќе од милион муслимани се во кампови. јт/  

Остани поврзан