• вторник, 24 декември 2024

Трамп не препорачува повторно затворање на САД

Трамп не препорачува повторно затворање на САД
Вашингтон, 15 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема повторно да воведува рестриктивни мерки во земјата поради новиот бран на пандемијата на коронавирусот. Во денешното интервју за телевизијата Фокс бизнис, шефот на државата изјави дека во земјата „сѐ е во ред“. Додаде дека САД веќе имаат големо искуство во борбата со коронавирусот. Според него, има драстично зголемување на бројот на заболени во некои сојузни држави, како на пример Њујорк, и упати критики за демократскиот гувернер, Ендрју Куомо, за начинот како се справил со епидемијата. Тој додаде и дека вакцината против коронавирус во САД може да биде изготвена веќе до крајот на оваа година. Трамп најави зголемување на вкупната сума за помош на американската економија поради кризата предизвикана од пандемијата до 1,8 трилиони долари. Демократите и републиканците во Конгресот се уште немаат договорено конечна цифра за новиот пакет мерки, бидејќи првите бараат повеќе отколку што Белата куќа вети дека ќе одобри. кб/гт/

Остани поврзан