• четврток, 26 декември 2024

Трамп не планира да го покани Бајден во Белата куќа

Трамп не планира да го покани Бајден во Белата куќа
Њујорк, 7 ноември 2020 (МИА) -  Американскиот претседател Доналд Трамп не планира да го покани новоизбраниот претседател Џо Бајден во Белата куќа во наредните денови, изјави извор за Си-Ен-Ен. Традиционално, во Овалната соба се организира средба помеѓу сегашниот лидер и новоизбраниот претседател. Трамп често ја споменува својата средба со Барак Обама на 10 ноември 2016 година, вклучително и дека разговарале за Северна Кореја. Претходно, американскиотпретседател објави дека не го признава својат пораз иако медиумите во САД веќе го најавија Бајден за нов претседател. Уставот на САД не бара кандидат да признае пораз од својот противник, но тоа е долга традиција во американската политика и се смета за знак на мирна транзиција на власта. зш/

Остани поврзан