• сабота, 27 јули 2024

Трамп нема да се согласи за дебата со Камала Харис додека демократите не го „одлучат“ кандидатот

Трамп нема да се согласи за дебата со Камала Харис додека демократите не го „одлучат“ кандидатот

Вашингтон, 26 јули 2024 (МИА) -  Републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, одби да закаже дебата со неговата најверојатна демократска противкандидатка Камала Харис, бидејќи таа не е официјално именувана за кандидат на нејзината партија, соопшти синоќа неговата кампања.

„Деталите за општите изборни дебати не можат да се финализираат додека демократите официјално не одлучат за нивниот кандидат... би било несоодветно да се закажуваат работите со Харис бидејќи демократите многу добро би можеле да го променат своето мислење“, нагласи портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг во соопштението.зш/
фото ЕПА

Остани поврзан