• четврток, 26 декември 2024

Трамп нема да може јавно да зборува за доказите во постапката против него

Трамп нема да може јавно да зборува за доказите во постапката против него

Њујорк, 5 мај 2023 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да може јавно да зборува за одредени докази во кривичната постапка против него за наводно тајно плаќање на порно актерката Сторми Даниелс, изјави судијата на Менхетен, Хуан Меркан.

Тој додаде дека ограничувањето ќе важи само за доказите што ги собра обвинителството и му беа предадени на поранешниот американски претседател за да се подготви за судењето.

„Нема да направам ништо што би го нарушило неговото право за прв амандман“, рече судијата Меркан. паг/

 Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан