• среда, 18 декември 2024

Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер

Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер

Њујорк, 2 декември 2024 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска навести за масовни помилувања за обвинетите во врска со немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година, откако сегашниот претседател Џо Бајден го помилува својот син Хантер.

„Дали помилувањето што Џо го даде на Хантер ги вклучува и заложниците Ј-6, кои се затворени со години? Таква злоупотреба и погрешна правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“.

Трамп во кампањата спомна помилување за повеќе од 1.500 обвинети кои сè уште се соочуваат со судење или веќе се осудени за упадот во Капитол додека Конгресот гласаше за потврда на изборната победа на Бајден во 2020 година.

Транзицискиот тим на Трамп претходно издаде соопштение во кое остро го критикува Министерството за правда, истовремено ветувајќи дека ќе ја промени федералната агенција.

„Неуспешниот лов на вештерки против претседателот Трамп покажа дека Министерството за правда под контрола на демократите и другите радикални обвинители се виновни за употреба на правосудниот систем како оружје“, наведе портпаролот на Трамп, Стивен Чанг во соопштението.

Според него, правосудниот систем мора да се поправи и да се врати правдата за сите Американци, а „токму тоа ќе го направи Трамп кога ќе се врати во Белата куќа со огромен мандат од американскиот народ“.

Хантер (54) сега избегна казна откако требаше да биде осуден во одделни федерални случаи во врска со оружје и затајување данок подоцна овој месец. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан