• сабота, 28 декември 2024

Трамп назначи поранешен генерал, близок соработник, за пратеник за Украина и Русија

Трамп назначи поранешен генерал, близок соработник, за пратеник за Украина и Русија

Вашингтон, 27 ноември 2024 (МИА) – Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп денеска соопшти дека го назначил својот лојален соработник, поранешниот генерал Кит Келог, за пратеник за Украина и Русија.

- Тој беше со мене од самиот почеток! Заедно ќе постигнеме мир преку сила и ќе ги направиме Америка и светот повторно безбедни, напиша Трамп во објавата на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп многу ја критикуваше помошта од повеќе милијарди долари на САД за Украина и вети дека ќе ја реши војната меѓу Киев и Москва уште пред да положи заклетва за нов мандат во јануари, но никогаш не објасни како планира да го направи тоа.

Трамп го назначи Келог за помошник на претседателот и специјален пратеник за Украина и Русија.

Келог накратко го предводеше Националниот совет за безбедност во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп. Тој долго време беше главен воен советник на Трамп и служеше како советник за национална безбедност на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс.

Војната во Украина во февруари влегува во трета година. јт/

Остани поврзан