• понеделник, 23 декември 2024

Трамп му посака добредојде на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи на Флорида

Трамп му посака добредојде на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи на Флорида

Палм Бич, 15 ноември 2024 (МИА) - Доналд Трамп му посака добредојде на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во неговиот клуб Мар а Лаго, првиот странски лидер со кој се сретна по неговата изборна победа минатата недела.

Подоцна, Милеи, самонаречен „анархо-капиталист“ и често пофален од Трамп, се обрати на гала вечерата на Институтот за први политики на Америка во Мар а Лаго. Тој ги критикуваше левичарските идеологии и му честиташе на сопственикот на платформата „X“, Илон Маск, велејќи дека неговите социјални медиуми помагаат да се „спаси човештвото“.

На настанот зборуваше и Трамп, кој му честиташе на Милеи „за работата што ја направи за Аргентина“ и истакна дека неговото присуство во Мар а Лаго е „чест“.

-Работата што ја направивте е неверојатна. Направете ја Аргентина повторно голема (Make Argentina great again - МАГА), рече Трамп.

Набргу по изборот на Милеи во ноември 2023 година. Трамп на социјалните мрежи напиша: „Ќе ја свртите вашата земја кон успех и навистина ќе ја направите Аргентина повторно голема!“.

Милеи првпат се сретна со Трамп во февруари на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон. Тој отворено го изрази своето воодушевување од Трамп - штом го виде, притрча кон него со извици „претседател!“, а потоа срдечно го прегрна и двајцата се сликаа. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан