Трамп: Многу брзо целосен прекин на огнот во Украина, потоа договор за територијална поделба
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „многу брзо“ да се договори за целосен прекин на огнот во Украина, објави Си-Ен-Ен.

Вашингтон, 21 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „многу брзо“ да се договори за целосен прекин на огнот во Украина, објави Си-Ен-Ен.
Во изјавата за новинарите денеска во Овалната соба, Трамп рече дека по прекинот на огнот ќе следи „договор“ за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.
-Во моментов се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата. За тоа се преговара токму сега, додека зборуваме овде, рече Трамп, кој разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела. мс/
фото: ДПА