• петок, 27 декември 2024

Трамп испрати е-пошта пред судењето: Трагичен ден, САД станаа „марксистичка земја од третиот свет“

Трамп испрати е-пошта пред судењето: Трагичен ден, САД станаа „марксистичка земја од третиот свет“

Њујорк, 4 април 2023 (МИА) - Пред денешното закажано појавување пред судија во судот во Менхетен, во Њујорк, под обвинение дека и платил 160.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за афера со него, поранешниот американски претседател Доналд Трамп испрати е-пошта во која ја изрази својата загриженост дека САД стануваат „марксистичка земја на третиот свет“ и оцени дека денеска е трагичен ден за „нашата Република“.

Во е-поштата со наслов „Мојата последна е-пошта пред моето апсење“, испратена до луѓето од неговата листа за е-пошта, во која се наоѓа и линкот за собирање средства, Трамп од нив побарал „да дадат свој придонес за да ја спасат Америка“, пренесува Би-би-си.

Трамп потоа оваа порака ја објави на својата социјална мрежа „Вистина“ во која ја критикува локацијата во Њујорк каде што треба да се појави на судење како „многу неправедно место“, бидејќи, како што тврди, во некои области само еден процент гласачи гласале за републиканците.

Трамп, исто така, судијата пред кого треба да се појави го нарече „многу пристрасен“ и ги обвини него и неговото семејство дека се знае дека го мразат.

Снимателот на Трамп патувал со него од Флорида до Њујорк за да документира се што се случувало зад кулисите на предавањето на поранешниот американски претседател, јавува Си-ен-ен, повикувајќи се на два извори запознаени со плановите на Трамп. сд/

Остани поврзан